Македонскиот преставник во ЛШ , Металург денес ќе се обиде да стигне до првата победа од ова натпреварување во оваа сезона, на домашен терен го пречекува турски Бешикташ.
Овие два тима доста добро се познаваат од минатата сезона. Тогаш од Скопје си заминаа со цел плен, а победи и на домашен терен. Од оние кои нам ни се добро познати во составот на Бешкташ е Немања Прибак, македонскиот репрезентативец, кој го предводи тимот во обид да додат до победа на гостувањето во Скопје. Сепак на спротивната страна го имаат младиот тим на Металург предводен од Данило Брестовац.
Двете екипи ја започнаа сезоната со пораз во првото коло, Металург загуби на гостувањето кај Спортинг во Португалија, а Бешикташ загуби на воведниот меч против Татран Прешов на доашен терен во Истанбул.
Натпревраот се игра денес во„ВИП Арената“ на СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 17:00 часот.