Ракометарите на Металург претрпеа нов пораз во рамките на регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата. На гостувањето против Татран Прешов, „металурзите“ загубија со 30:20 (16:11) во меч во кој домашните беа подобар противник од самиот почеток.
Домашните имаа предност уште од самиот старт, која на полувреме ја сведоа во плус 4. Во вториот дел падна темпото на игра кај нашиот преставник, а Татран тоа успеа да го претвори во убедлива победа со 10 гола разлика.
Димитар Димитриоски и Анте Токиќ со по четири гола беа најефикасни во редовите на македонскиот првак.