Металург за малку од готово ќе направеше вересија

0

Македонскиот преставник во СЕХА лигата, Металург успеа да забележи победа и да ја прекине лошата серија во СЕХА лигата , но и во Лигата на шампионите.

Вечерва во Скопје, беше совладан Татран Прешов, против кој младите ракометари на Металург славеа со 31:30 (18:13), со што ја остварија третата победа во ова натпреварување.Металург водеше во текот на целиот натпревар, во првото полувреме предноста беше меѓу 4-5 гола, за да на одмор се замине со резултат 18:13.

Во вториот дел уште подобра игра на домашната екипа која успеа да дојде и до двоцифрена предност од 25:15, но во последните 15 минути од натпреварот Металург имаше голем пад во играта и дозволи противникот да ја загрози нивнта победа со што дојде до само еден гол негатива во последната минута од средбата.

 

Share.

Leave A Reply