„Металурзите“ ги очекува нов меч во ЛШ

0

Ракометарите на Металург денеска ги очекува меч со лидерот во групата Монпелје во рамките на 5-то коло во Лигата на шампионите. Иако гостите од Франција ја имаат улогата на големи фаворити, нашиот состав ветува дека нема да излезе со бело знаеме на теренот.

Средбата во СЦ Борис Трајковски ќе започне во 19.00 часот. Вчера во групата на Металург беа одиграни натпреварите: Чеховски Медведи-Мотор 30-30, Спортинг-Бешикташ 30 спрема 27.На табелата води Монпелје со максимални 12 бодови пред Мотор со 9 и Спортинг со 6 бодови.Металург и Бешикташ имаат по 5 а Чеховски Медведи само три.

Во другите групи денеска ќе се сретнат: Алборг-Кијелце, Кил-Целје, ПСЖ-Веспрем и Барселона-Рајн Некар Левен.

 

 

Share.

Leave A Reply