Металурзите ќе гостуваат во Словенија

0

Ракометарите на Металург денеска од 19.00 часот ги очекува нов меч во СЕХА лигата на теренот на Целје Пивоварна Лашко.

Нашиот тим кој во текот на викендот го имаше последниот настап во Лигата на шампионите, сега ќе може целосно да се насочи кон регионалната конкуренција. Стратегот, Александар Јовиќ, очекува неговите избраници да одиграат добар меч.

Металург во СЕХА лигата се наоѓа на седмото место со три победи и пет порази додека словенечкиот тим има четири победи, две нерешени и два пораза, што е доволно за петтото место.

Share.

Leave A Reply