Ракометниот состав на Металург продолжи да се засилува за наредната сезона. Тимот од „Автокоманда“ откако го ангажираше Момир Рниќ кој во кариерата го носеше и дресот на Рајн Некар, го потврди и второто звучно засилување.
Станува збор за Бранко Канкараш кој го напушти Мешков Брест и ќе го облече дресот на Металург. Канкараш (32г., 188 см., 103 кг.) настапувал за српските екипи Југовиќ (2006-2013), Металопластика (2013-2014) и Војводина (2014-2015), турскиот Мерзин (2014-2015), француските Валанс (2015-2017) и Истр (2018-2019), како и белорускиот Мешков Брест (2019-2020).
Црногорскиот пивотот кој потпиша едногодишен договор има искуство и во настапите во Лигата на шампионите и во СЕХА.