Металурзите утре ја затвораат сезоната во СЕХА

0

Данило Брестовац, тренер на ракометарите на Металург, вели дека неговиот тим на утрешниот меч во СЕХА лигата против Војводина, ќе се обиде да му се реваншира на противникот за поразот од првиот дел од сезоната.

„Очекувам победа и тоа со повисока разлика, тоа им го кажав и на играчите. Позитивна вест е тоа што Александар Шпенде почна да тренира со полн интензитет. Ако се сеќавате, таму бевме брутално претепани. Дури и нивниот тренер, во еден момент, кога водевме со 6-7 разлика, викна тајмаут и повика да не тепаат“ потенцираше Брестовац.

„Сакам да дојдат со истиот состав за да им се реваншираме на спортски начин, да видиме кој е подобар во моментов.Мислам дека ракометарите се вратија во нормала по поразот во Прешов“ – рече Брестовац на денешната прес-конференција.Средбата Металур-Војводина ќе биде одиграна утре од 20.15 часот во СЦ Борис Трајковски.

Share.

Leave A Reply