Синиша Михајловиќ е главен фаворит да го замени Роберто Манчини на клупата на Зенит откако Италијанецот најверојатно ќе го преземе кормилото на фудбалската репрезентација на Италија.
Михајловиќ е слободен откако беше отпуштен од Торино во јануари. Претходно, Србинот беше тренер на Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија и Милан. Во периодот 2012-2013 година, беше на чело на српскиот национален тим а неговата тренерска кариера започна како помошник токму на Манчини во Интер. И двајцата беа соиграчи во Сампдорија и Лацио во 1990-тите.
Познато е дека Манчини отпатува за Рим пред две недели за да преговара со челниците на Италијанската федерација. Новиот тренер на „Скуадра Аѕура“ мора да биде објавен до 20-ти мај. Зенит е на 3-то место во шампионатот на Русија и ќе има тешка задача да обезбеди место во ЛШ за наредната сезона.