Михајловиќ со видео порака до навивачите

0

Синиша Михајловиќ со видео порака им се обрати на сите фудбалски фанови ширум светот. Тренерот на Болоња кој неодамна го заврши вториот циклус од хемотерапијата и сега е пуштен на домашно лекување објави видео во кое изразува жалење што не присуствувал на натпреварот на легендите на Болоња и Реал Мадрид.

„Жал ми е што не бев на натпреварот на легендите на Болоња и Реал Мадрид, но штотуку излегов од болница и навистина сакав да бидам со сопругата и децата. Се надевам дека ме разбирате. Ви благодарам на поддршката која ми ја давате и што останавте покрај мене цело време“, истакна Михајловиќ.

Share.

Leave A Reply