Данило Мијатовиќ е најкорисниот кошаркар во БИБЛ лигата за оваа сезона. Ветеранот во составот на Блокотехна е убедливо најдобриот поединец на тимот во досегашниот дел од сезоната, но, за жал, поради повреда не може да им помогне на соиграчите на завршниот турнир во Тирана.
Мијатовиќ одигра 12 средби сезонава во БИБЛ на кои просечно реализираше 25,8 поени. Преставниците на БИБЛ лигата вчера му го предадоа трофејот на кошаркарот на гевгелискиот состав, кој денеска за трофејот ќе ги одмери силите со организаторот на Ф4-турнирот, албанска Теута.