Мијатовиќ е нов кошаркар на Работнички

0

КК Работнички од вчера е посилен за искусниот српски интернационалец, Данило Мијатовиќ. Тој веќе извесен период е дел од нашата кошаркарска лига, па по промената на неколку клупски средини, сега „слета“ во Градски парк.

Центарот оваа сезона требаше да ја почне како член на АВ Охрид, но по изненадувачкото расформирање на клубот, мораше да бара нов ангажман. Тој успеал да се договори со Работнички и ќе биде големо засилување под кошевите.

Share.

Leave A Reply