Милан без половина тим против Фиорентина

0

Еден куп проблеми со голем број повредени фудбалери и натаму го измачуваат италијанскиот гигант Милан. Алесио Ромањоли, Матија Де Шиљо и Лука Антонели не се појавија на последниот тренинг на тимот.

Тренерот на „росонерите“ Виненцо Монтела и за следниот меч од Серија „А“ лигата ќе има проблеми со комплетирање на одбраната, а тоа ќе биде навистина проблем, ако се знае дека пред миланезите е новиот тежок тест против Фиорентина во недела.

Добрата вест е враќањето на Јурај Куцка и Габриел Палета кои ги одработија суспензиите. Од поодамна надвор од комбинација за настап се и Давиде Калабрија и Рикардо Монтоливо, кои исто така се повредени. На оваа листа се надодава и Бонавентура кој ќе отсутвува од терените неколку месеци.

Share.

Leave A Reply