Милан без тројца десни дефанзивци отпатува во Лондон

0

Тренерот на Милан Џенаро Гатузо нема да може да смета на ниту еден од тројцата десни дефанзивци за гостувањето кај Арсенал во осминафиналниот реванш од Лигата на Европа.

„Росонерите”, кои загубија на првата средба на „Сан Сиро” со 2:0, заминаа за Лондон без Давиде Калабрија и Инацио Абате кои имаат повреди. Купениот играч минатото лето Андреа Конте, кој требаше да биде стартер во оваа сезона по десната страна, веќе се опорави од тешката повреда која го извади од составот половина година. Тој штотуку почна да тренира, но не се најде во составот на Милан кој отпатува за Лондон, односно не влезе во групата од 19 фудбалери.

Така речиси сигурно Фабио Борини, кој го замени Калабрија при победата со 1:0 над Џенова, ќе биде десен дефанзивец против „топџиите”. Голманот Џанлуиџи Донарума, кој вчера го повреди прстот, отпатува со тимот.

Share.

Leave A Reply