Италијанскиот гигант Милан продолжува да го засилува својот состав пред стартот на сезоната во Серија А. “Росонерите” се блиску до договор со Џенова за уругвајскиот дефанзивец Диего Лаксалт .
Денес се очекува да се договорат деталите за неговиот трансфер во Милано. Според Скај Италија, Милан ќе извади 14 милиони евра плус 4 милиони евра во форма на бонуси за потписот на Лаксалт.