Милан договори трансфер на нов играч од Бразил

0

Милан го договорил трансферот на новиот бразилски национален Лукас Пакета за 35 милиони евра и во текот на денот тренба овој трансфер да биде објавен од страна на клубот, информираат медиумите од Бразил.

Играчот од средниот ред на Фламенго ќе ги помине медицинските тестови во својата земја, но ќе го засили тимот на Милан во јануари.

Италијанците успеаја да го победат во трката за овој играч Париз Сен Жермен не само поради финансиската природа на трансферот, туку поради желбата на Пакета да игра во Милан, бидејќи мислеше дека ќе има повеќе шанси во овој клуб.

21-годишниот фудбалер досега има два натпревари за селекцијата на Бразил. Во Бразилското првенство оваа сезона има постигнато 9 гола на 24 натпревари.

Share.

Leave A Reply