Милан го сака Флоријан Товин од Олимпик Марсеј

0

Напаѓачот на Олимпик Марсеј, Флоријан Товин може да ја продолжи кариерата во Милан, пренесува „Calciomercato.com“.

Според изворот, италијанскиот клуб ја дал првата понуда до Марсеј за трансфер на 27-годишниот француски фудбалер. Претходно беше објавено дека Милан постигнал принципиелен договор со Товин.

Да потсетиме, сегашниот договор на Товин со Марсеј е до летото 2021 година. Товин игра во францускиот клуб од 2016 година, најпрво како позајмен играч од Њукасл Јунајтед, а потоа и со перманентен договор.

Напаѓачот играше за Марсеј од 2013 до 2015 година. Флоријан потекнува од Академијата во Гренобл, абеше дел и од екипата на Бастија. Од 2017 година тој е дел од репрезентацијата на Франција.

Share.

Leave A Reply