Милан ќе му понуди нов договор на својот капитен

0

Милан подготвува предлог за нов договор на својот капитен Алесио Ромањоли, тврди „Газета дело Спорт“. Централниот дефанзивец има договор до јуни 2022 година.

Иако остануваат уште две години од неговиот договор, „росонерите“ се подготвени да го врзат за подолг период. Тие сакаат да ја избегнат ситуацијата во која се најдоа со Џанлуиџи Донарума. Клубот не успева да се договори со голманот во оваа фаза и од јануари следната година тој ќе има право да преговара со другите клубови и евентуално да замине како слободен агент следното лето. Милан можеби ќе треба да го продаде Донарума оваа година, доколку не сакаат да го загубат без да добијат нешто од неговиот трансфер.

Сепак, нема такви проблеми со Ромањоли. Тој се чувствува одлично на „Сан Сиро“ и се очекува лесно да се постигне нов договор.

Share.

Leave A Reply