Милан може да го добие Орие од Тотенхем, но само ако го испрати Пјонек во Лондон

0

Милан тргнува по дефанзивец на екипата на Тотенхем. Според информациите од Италија, „росонерите“ сериозно влегуваат во битка за потписот на дефанзивецот на Тотенхем, Серж Орие, за кого сметаат дека можат да го обезбедат оваа зима.

Лондончани немаат против да го испратат Орие во Милано, но за возврат го бараат Пјонтек. Полјакот треба да го замени долгогодишниот капитен на Спарси, Хари Кејн кој е повреден.

Сега сите погледи се кон тренерот на тимот, Стефано Пиоли кој треба да даде зелено светло за договор.

Share.

Leave A Reply