Златан Ибрахимовиќ, ќе потпише договор за шест месеци со опција за продолжување на уште една сезона со екипата на Милан, објави денешен „Кориере дело Спорт“.
Платата на Швеѓанец во италијански клуб ќе изнесува 6 милиони евра за 18 месеци. Раководството на „Милан“ е подготвено да му плати таков износ на Златан Ибрахимовиќ за тој да прифати да биде дел од „росонерите“. Иднината на Ибрахимовиќ ќе биде позната во рок од две до три недели, откако сега како заинтересиран клуб се појави и Тотенхем, на Жозе Мурињо.