Милан нуди 75 милиони евра + Нианг за Белоти

0

Противникот на Шкендија во плеј-оф колото во Лигата на Европа, екипата на Милан, не ја губи надежта дека до крајот на летниот трансфер период ќе го купи напаѓачот на Торино, Андреа Белоти. Како што објави „Фудбал Италија“, Милан се подготвува на Торино да му понуди 75 милиони евра за Белоти и да го испрати младиот голгетер Нианг во редовите на „биковите“.

Претходно Торино веќе одби неколку понуди на Милан за Белоти, па останува прашањето како ќе реагираат торинци на оваа нова, зголемена понуда на „росонерите“. Торино веќе неколку пати најави дека слободата на Белоти чини 100 милиони евра.

Белоти минатата сезона постигна 26 гола на 35 настапи во Серија А и се избори за место во италијанската репрезентација.

Share.

Leave A Reply