Милан од следното лето во опрема од „Пума“

0

Вчера раководството на Милан објави дека во клубот започнува нова ера. „Росонерите” склучија договор со Пума, кој ќе стапи на сила ова лето.

Досега, Милан носеше опрема од „Адидас“, но од вчера се пофали со многу подобар договор. Во денешното издание на „Gazzetta dello Sport”, беше објавен интересен податок кој ги открива финансиските детали од новиот договор.

Милан ќе заработи 15 милиони евра за секоја сезона, што е многу повеќе од она што го добиваше клубот од Адидас. Бонусите ќе бидат додадени на оваа сума во зависност од резултатите кои ќе ги постигне клубот. Само Јувентус може да се пофали со подобар спонзорски приход.

Во моментов, „бјанконерите“ добиваат 23 милиони евра од „Адидас”, со што сега „црвено-црните” се зад италијанскиот шампион.

Share.

Leave A Reply