Милан останува без Запата еден месец

0

Дефанзивецот на Милан Кристијан Запата може да ги пропушти натпреварите на својот тим во наредните 30 дена.

Колумбиецот беше принуден да го напушти теренот во 14-та минута на средбата со Џенова, средба која ја доби Милан со 2:0. Денес стана јасно дека Запата има повреда на десниот бутен мускул и ќе биде подложен на понатамошно истражување во текот на следните две недели.

Според ова тој и дефинитивно ќе ги пропушти двата натпревари на Милан со Наполи од италијанскиот шампионат и Купот на Италија.

Share.

Leave A Reply