Челниците на фудбалскиот состав Милан полека се насочуваат кон ново голманско име бидејќи Џанлуиџи Донарума нема намера да го продолжи договорот доколку не добие најмалку 10-ет милиони евра по сезона.
Бидејќи „росонерите“ не сакаат да ги исполнат барањата на младиот чувар на мрежата, италијанските медиуми тврдат дека тие пронашле негова замена .
Станува збор за Мајк Меиган кој ги брани боите на Лил и на репрезентацијата на Франција. Неговиот договор ќе истече во 2022 година а неговата трансферна вредност е околу 12 милиони евра.