Милан ќе излезе со конкретна понуда во зимскиот преоден рок за играчот од средниот ред на Арсенал, Арон Рамзи, вели англиското издание на весникот „Сан“.
Договорот на играчот од средниот ред на Арсенал со лондончани истекува летото 2019 година, а според последните вести, неговата цена во моментов изнесува 45 милиони евра.
Во јануари, сепак, оваа бројка ќе падне и „Росонерите“ ќе може да го земат за сума што е половина од претходно споменатата.
Ова ќе се случи само ако Велшанецот не го продолжи договорот со лондонскиот тим. Ако не парафира нов договор, тогаш тој може да потпише преддоговор со кој и да е тим и од летото следната година да премине во друг клуб без обештетување односно плакање на трансферна сума.