Милан е заинтересиран за фудбалерот на Удинезе Родриго Де Пол, објавија италијански медиуми.
Според италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, следната недела претставниците на Милан ќе се состанат со агентите на играчот. Трансферот може да се случи во јануари кога тренерот на Росонери, Џенаро Гатузо сака да го засили нападот за да биде конкурентен во борбата за влез во Лигата на шампионите.
24-годишниот Аргентинец во тековната сезона има одиграно 13 натпревари во дресот на Удинезе, а успеа да постигна 5 гола и 3 асистенции.