На 19 ноември пред почетокот на дуелот меѓу Милано и Макаби ТА во Евролигата, екипата на Олимпија Милано ќе одржи церемонија на која ќе биде повлечен дресот на италијанскиот клуб со бројот 11.
Дресот на Милано со бројот 11, во минатото го носеше еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, Дино Менегин, па клубот одлучи во негова чест славната 11-ка да остане во аналите на клубот. Менегин за 11 години, освои пет титули во Италија и две во Купот на европските шампиони. Во 1970 беше првиот Италијанец драфтуван во НБА.