Милевски дефинитивно си заминува од У-21

0

Селекторот на нашата млада фудбалска репрезентација У-21, Благоја Милевски, потврди дека ќе замине од функцијата откако ќе го одработи договорот до 1 јуни. За него остануваат уште квалифиакциските мечеви со Азербејџан на 24 и 27 мај .

„За тие средби имаме три-четири откажувања (Личина, Митровски, Абаз и Елмаз). Се надевам дека ќе бидат подготвени да се вратат наесен кога продолжуваат квалификациските мечев“ – вели Милевски кој воедно  ја потврди веста за ангажманот во Израел како тренер на Ашдод.

„Сакам да и се заблагодарам на ФФМ за укажаната можност за докажување. Имавме одлични услови за работа. Треба да се продолжи по тој пат во иднина“ – вели Милевски.

Share.

Leave A Reply