Околу милион фанови излегоа на улиците на Оукленд за да ја прослават титулата на Голден Стејт. Пред само неколку денови тимот од Калифорнија успеа со 4:0 во партии да го„збрише“ Кливленд и да дојде до третата титула во полендите 4 години.
Предводени од Стеф Кари, Кевин Дурент и останатите, Голден Стејт го прошета трофејот пред своите навивачи, кои неколку часа го окупираа центарот на градот.
„Не мислевме дека ќе имаме парада, што трае два или три часа. Ова е за вас“, им порача на насобраните Стеф Кари.