„Милионерите“ му „удрија“ суспензија на Дембеле

0

Борусија (Д) реши да го суспендира на неодредено време својот фудбалер Усман Дембеле, три дена откако германскиот бундеслигаш ја одби понудата на барселона за францускиот репрезентативец.

20-годишниот Дембеле првично беше казнет и суспендиран до понеделник, по што во четвртокот тој не се појави на тренинг, а од клубот денеска соопштија дека суспензијата ќе биде продолжена на неодредено време.

Дембеле е еден од фудбалерите по кои тргна Барселона по продажбата на Нејмар во ПСЖ. Борусија не сака да чуе за продажба на својот млад талент, а пак, тој незадоволен од ота што не го пуштаат да замине во Барселона решил да не тренира. Директорот Цорк изјави дека тимот е фокусиран на првиот меч од новата сезона, а Дембеле ако сака може да тренира и сам.

Share.

Leave A Reply