„Милионерите“ се вклучија во трката за Елмас

0

Фудбалскиот состав од Германија, Борусија Дортмунд, ќе се обиде да го ангажира нашиот интернационалец Елиф Елмас кој е на излезната врата во турскиот Фенербахче.

Тимот од Бундес-лигата планира да понуди три милиони евра и фудбалерите Шинџи Кагава и Омер Топрака за да го добие потписот на македонскиот интернационалец. Тоа само потврдува дека Елмас сигурно ќе си замине од Турција во текот на летово и дека ќе ја продолжи кариерата на друго место.

Претходно и екипите на Манчестер Сити, Милан, Интер, Тотенхем, Фиорентина, и  Лацио најавија, дека сакаат да го ангажираат нашиот фудбалски „бисер“.

Share.

Leave A Reply