Милиони евра се „слеваат“ во касите на финалистите

0

Ливерпул и Тотенхем на 1 јуни во Мадрид ќе се борат за победничкиот пехар во Лигата на шампионите. Двата тима од Англија  одлично профитираа настапувајќи низ групната фаза и елиминациите а со самиот пласман во завршниот меч ќе бидат богато наградени и од страна на УЕФА.

За победникот е предвидена парична награда од 4 милиони евра плус бонус од  4,5 милиони бидејќи ќе си обезбеди место во Супер Купот на УЕФА.  Тоа значи дека Тотенхем кој со настапите во ЛШ собра 69, 45 милиони евра, може да ја затвори сезоната со 73,45 плус предвидениот бонус.

Ливерпул, пак, имаше повеќе триумфи во групната фаза и досега инкасираше 70,35 милиони што значи дека „црвените“ доколку победат во Мадрид, ќе имаат крајна добивка од 74,35 милиони евра. Секако на таа сума ќе се додаде и бонусот за пласманот во Супер Купот на УЕФА.

 

Share.

Leave A Reply