Голманот на Вардар, Дејан Милосављев, очекувано е избран за најдобар голман во првите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите.
Вардар убедливо славеше на гостувањето кај ППД Загреб (18-27), а Дејан Милосављев беше еден од јунаците во триумфот, со вкупно 14 одбрани и 45% ефикасност во одбраните.
ЕХФ исто така го состави комплетниот список на „идеалните 7“ за ова коло во кој се најдоа:
Голман: Дејан Милосављев (Вардар)
Лево крило: Валур Сигурдсон (Рајн Некар Левен)
Лев бек: Расмус Лауге (Флензбург)
Среден бек: Лука Циндриќ (Киелце)
Десен бек: Алекс Душебаев (Киелце)
Десно крило Арцем Козакевич (Мотор Запорожје)
Кружен напаѓач: Јаник Колбахер (Рајн Некар Левен)