Србија е бесна по поразот од Швајцарија а прстот го впери кон судијата Брих за кој проценува дека не досудил чист пенал врз Александар Митровиќ во 66. минута иако имаше шанса да го стори тоа доколку го искористеше ВАР системот.
Тоа го потенцираше и потпретседателот на Фудбалската федерација на Србија, Саво Милошевиќ, кој не може да се помири со поразот.
„По многу разговори, поднесовме официјална жалба и протест на адреса на ФИФА. Никогаш не сум барал оправдување, сме изгубиле многу натпревари и ќе губиме и во иднина… но воведен е ВАР систем. Да доживееме две слични ситуации на два меча. Зошто го воведоа тој ВАР?“ – вели Милошевиќ.