Милвоки и Хјустон ги „разбија“ Детроит и Јута

0

Милвоки и Хјустон ги декласираа конкурентите во првите средби од четврфиналната серија во НБА плеј-офото. Предводени од Јанис Адетокунбо, Милвоки славеше над Детроит со 121:86, додека Хјустон го декласираше тимот на Јута со 122:90.

Главната ѕвезда на тимот на Милвоки, Адетокунбо, помина само 23 минути на паркетот, откако тренерот одлучи да го повлече од игра во последната четвртина кога веќе се беше решено. Младиот кошаркар на тимот од Висконсин средбата ја заврши со 24 поени и фантастични 17 скока.

Хјустон, пак, беше уште поубедлив против Јута совладувајќи ја со 122:90. Домашните го диктира атемпото од самиот старт, а предводник во победата беше Харден кој постигна 29 поени со 10 асистенции и 8 скока. Нешто порано Портланд го доби дуелот со Оклахома со 104:99 во меч во кој кај тимот од Орегон Демијан Лилард заврши со 30 поени и 4 скока, додека Си-Џеј Меколум постигна 24. Кај гостите најефикасен беше Џорџ со 26 поени, а Расел Вестбрук имаше уште еден трипл-дабл ефект со 24 поени и по 10 скока и асистенции.

Кошаркарите на Бостон, пак, ја победија Индијана со 84:74, откако Ирвинг и Морис постигнаа по 20 поени. Во еден дел од мечот Бостон водеше и со 22 поени разлика, но во финишот го намали темпото на игра, по што гостите го ублажија поразот.

Share.

Leave A Reply