Милвоки ја прекина победничката серија на Голден Стејт

0

Милвоки ја прекина серијата од осум последователни победи на Голден Стејт откако победи на натпреварот кај актулениот шампион со 134:111 во натпреварот од НБА лигата одигран ноќеска.

Поразот за Голден Стејт е уште потежок поради повредата на ѕвездата на тимит Стеф Кари, кој го напушти теренот во третата четвртина поради истегнување на мускулот.

Клеј Томпсон беше најпрецизен за Голден Стејт со 24 поени, а Кевин Дурант додаде 17 поени, 9 асистенции и 7 скока.

Ерик Бледсо беше најкорисен играч во Милвоки. Тој заврши со 26 поени, вклучувајќи и седум последователни во третиот дел од мечот, кога Милвоки направи решавачка предност. Ова беше првиот пораз на Голден Стејт на домашен терен оваа сезона.

Share.

Leave A Reply