Милвоки падна во Торонто по две продолженија

0

Кошаркарите на Торонто Репторс победија во третиот меч од финалната серија на Истокот во НБА плеј-офот и намалија на 2:1 во дуелите со Милвоки Бакс. Синоќа пред своите гледачи, Канаѓаните дојдоа до победа од 118:112 и со тоа намалија во серијата која Милвоки ја почна со две победи дома.

Јунак на Репторс беше Кавај Ленард, кој во финишот на второто продолжение ја презеде одговорноста на себе и го одведе својот тим до победа.

Ленард, кој од првата четвртина играше со повреда на ногата, на крајот заврши со 36 поени, 9 скока и 5 асистенции. Одлично го следеше Сиакам со 25 поени.

Кај Бакс потфрли Адетокумбо кој постигна само 12 поени.

Share.

Leave A Reply