Милвоки прв обезбеди полуфинале во НБА плеј-офот

0

Кошаркарите на Милвоки успеаја да се пласираат во финалето на Источната конференција по победата од 4:1 во серијата против Бостон.

До одлучувачката победа, Бакс стигнаа синоќа на домашен терен, откако со 116-91 славеа во петтиот дуел со Бостон и со тоа го елиминираа од натамошните натпревари. Интересно е што овој еден пораз од Бостон беше и единствениот за нив во плеј-офот откако во првата рунда со 4:0 го преслушаа Детроит.

Избраниците на Мајк Буденхолцер стигнаа до огромна предност уште по првите 24 минути, кога стана јасно дека ќе одат на победа за пласман во конференциското финале. Селтикс во продолжението се обидоа да се вратат во игра, дојдоа до едноцифрена разлика, но повторно потфрлија во финишот.

Адетокумбо со 20 поени и 8 скока беше лидер кај Милвоки, додека Крис Мидлтон постигна 19. Ирвинг беше очаен синоќа, откако погоди само 6 од вкупно 21 шут и мечот го заврши со само 15 поени.

Во вториот меч синоќа, шампионот Голден Стејт дојде до победа бр. 3 над екипата на Хјустон, 104:99, и со тоа поведе со 3:2 во серијата. Харден беше најефикасен на мечот со 31 поен, додека Томпсон со 27 ги предводеше шампионите.

Share.

Leave A Reply