Минута молчење за играч кој бил на теренот

0

Сериозен гаф предизвика официјалниот спикер на дуелот помеѓу Санта Фе и Сантош од групната фаза на Копа Либертадорес.

Пред средбата требаше да има едноминутно молчење во спомен на пред два дена починатиот поранешен фудбалер на гостинската екипа од Сао Паоло – Канеко, кој го напушти овој свет на 70 години, но официјалниот спикер го објавил името на голгетерот Рикардо Оливеира кој се наоѓал на теренот и очекувал мечот да започне.

Поранешниот напаѓач на Милан, Бетис и Сарагоса беше на теренот и играше 70 минути на средбата, која заврши 0:0. Медиумите во Бразил беа прилично остри кон домаќините од Колумбија по овој гаф.

Share.

Leave A Reply