Мирињо е рекордер според потрошени пари за нови играчи

0

Жозе Мурињо, кој од вчера е нов менаџер на Тотенхем изјави дека е задоволен од играчкиот кадар кој го има во екипата, но изминатите факти говорат дека најверојатно нема да биде задоволен од неговиот потенцијал и најверојатно ќе изврши притисок за нови засилувања, но прашање е дали тоа ќе биде во јануари.

Мурињо е тренер чии клубови потрошија најмногу пари за трансфери во целата историја на фудбалот. Според „ЕСПН“ и направената пресметка, се работи за сума од 1,6 милијарди евра, платена за вкупно 97 играчи.

Втори на оваа ранг-листа се Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола. Двајцата добија средства во вредност од 1,2 милијарди евра. Следуваат Мануел Пелегрини (1,1 милијарди), Масимилијано Алегри (1 милијарда), Арсен Венгер (964 милиони), Роберто Манчини (802 милиони), Клаудио Раниери (801 милиони), Рафаел Бенитез (753 милиони) и Унаи Емери (705 милиони).

Сепак, најскапи  беа купувањата на Пеп Гвардиола. Просечната цена на играчот што го привлекол била 23 милиони евра, а Мурињо плаќал за играчите со просек од 16,5 милиони евра.

Share.

Leave A Reply