Миркуловски: исцрпувачки меч, добро е што триумфиравме

0

Искусниот бек, Филип Миркуловски, вели дека треба да се заборави мечот со Словенија и да се насочиме кон наредниот предизвик – селекцијата на Црна Гора. Според него, ќе мора да се корегираат грешките.

„Видовте дека започнавме во грч. Така е секогаш на првиот меч. Добро е што се вративме во игра и обезбедивме нерешено на паузата.“ вели Миркуловски кој постигна три гола.

„Кога обезбедивме предност од четири голови, направивме непотребни грешки и ги вративме противниците во живот. Бидејќи се играше гол за гол во крајно исцрпувачки меч, мора да бидеме задоволни од победата. Ќе треба добро да се одмориме и да одиме на победа против Црна Гора“ заврши луцидниот плејмејкер.

 

Share.

Leave A Reply