Миркуловски: „Лошо паднав на половината и не можев да играм“

0

Играта на нашата репрезентација како во нападот така и во одбраната зависи многу од Филип Миркуловски кој во првото полувреме добии удар по кој што заврши на подот и мораше да го напушти теренот.

Популарниот „жути“ по натпреварот истакна дека сеуште чувствува болки и дека поради тоа не можелда го продолжи натпреварот.

„Паднав многу незгодно на кичма и се уште чувствувам силна болка. Се надевам дека не се работи за нешто сериозно, но ќе треба да почекаме, најверојатно да мине ноќта да ми се олади телото, за да видиме за што всушност станува збор и колку е сериозен проблемот. Искрено верувам дека станува збор за нешто полесна повреда, за да можам да настапам на следните средби“, изјави Филип  Миркуловски по натпреварот.

Од она што го најави селекторот Червар, може да се случи Миркуловски да не биде во игра на средбата со Шпанија и да се чува за решавачкиот меч со Исланд.

 

Share.

Leave A Reply