Миркуловски: Словенија е силна, но ние сакаме победа

0

Македонските ракометари подготвени го очекуваат стартот на европското првенство. Филип Миркуловски потенцираше дека стартот е многу важен, па затоа против Словенија ќе се обидеме да дојдеме до првите бодови.

„Подготвени сме за првиот натпревар. Сите сме здрави и тоа е најважното.За Словенија можамн да кажам дека е можеби малку послаба отколку во Франција, но сепак, е фаворит. Ние не смееме да се откажеме од шансата. Желни сме за победа и да направиме подобар резултат од кога било досега. Затоа овој прв меч е многу важен“, потенцира Миркуловски.

Македонија попладнево во загребска „Арена“ од 19.30 часот ќе го одигра првиот меч на ЕП.

Share.

Leave A Reply