Поранешниот број 1 во светското рангирање во игра на двојки, Макс Мирни (Белорусија), објави дека ја завршува кариерата. 41-годишниот тенисер познат по прекарот „звер“, освои 53 титули од кои 52-две во игра на двојки.
„Решив 2018 година да биде последната во мојата професионална кариера. Не беше лесно, бидејќи тенисот е дел од мојот живот откако се сеќавам. Имав среќа да постигнам многу повеќе отколку што младо момче од Минск, Белорусија, може да сонува” – рече тој.
Мирни има шест гренд-слем трофеи а во 2012 година го освои и златниот медал со Викторија Азаренка во мешани парови на Игрите во Лондон.