Мирно собрание, Ѓорѓиоски и луѓето од УЕФА едногласни -имавме одлична година

0

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, на денешното редовно собрани во хотелот „Александар Палас“, изјави дека е задоволен од сработеното во 2017 година и дека ФФМ ќе продолжи со предвидените цели.

„Сениорската репрезентација не била на голем настан, но веруваме дека и тоа ќе се случи. Младата репрезентација до 21 година учествуваше на Европското првенство во Полска а младите селекции до 17 и до 19 години за првпат заедно во една година, се пласираа во елитната рунда во квалификациите. За првпат два клуба играа во плеј-офот на Лига Европа а шампионот играше и историски, за првпат, во групната фаза од ова европско натпреварување. Македонија беше горд организатор на Суперкупот на Европа. Го заокруживме комплетно проектот во Куќата на фудбалот, со пуштањето во употреба на капиталниот објект за Академијата на ФФМ“ – истакна Ѓорѓиоски.

Вкупно 94 делегати гласаа за поништување на суспензијата на играчите на Металург и го прифатија финансискиот извештај. Пред нив се обрати и една од легендите на европскиот фудбал,  Давор Шукер, кој во улога на претставник на УЕФА ги пофали резултатите на нашите репрезентации.

Share.

Leave A Reply