Мишевски: треба да ги запреме Божовиќ и Билик

0

Младиот, Марко Мишевски, кој се наметнува како еден од позначајните ракометари во нашата одбрана на Евро-шампионатот,  вели дека мечот со Чешка покажа одредени слабости кои ќе мора да се елиминираат на утрешниот натпревар со Австрија.

„Мислам дека ќе успееме да се справиме со  бековската линија на Австрија. Тие ги имаат Божовиќ и Билик, но, верувам дека можеме да ги запреме. Тоа ќе биде многу значајно“ – потенцираше Мишевски.

„Имаме цел ден да ги анализираме Австријците, верувам дека ќе се подготвиме добро за големиот предизвик“ – нагласи Мишевски.

Share.

Leave A Reply