Еден од оние кои блескаа на денешниот последен натпревар на Македонија на СП во Германија и Данска беше голманот Никола Митревски кој даде свое видување на оваа средба.
„Одигравме не толку добар натпревар, но сепак на крајот најважен е резултатот. Завршивме со победа и одиграме онолку колку што требаше. На моменти беше тешко, пресуди искуството на нашите играчи. Победата значи многу за помладите играчи кои допрва треба да собираат искуство за да покажат подобра игра во следните големи натпреварувања. Ниту еден од поразите од европските репрезентации не беа застрашувачки за нас. Игравме солидно против сите, а имавме пад во играта пред се во второто пулувреме поради замор и пад на концентрација кај некои играчи, па поради тоа и немавме сили за изненадување“, изјави голманот на нашата репрезентација Никола Митревски.