Ракометарите ги очекува натпревар, да се биде или не против Австрија. Некако по традиција Македонија секогаш го оди потешкиот пат за втората групна фаза, а така ќе биде и на ова ЕП во Австрија, Шведска и Норвешка.
Потребна е победа против домашната селекција на Асвстрија, а голманот Никола Митревски на денешната средба со новинарите го најави дуелот со домаќините.
„Ова е мало финале за нас – да се биде или не. Подготвени сме да одиграме најдобро што знаеме, а за ривал имаме репрезентација која квалитативно не е подобра од нас. Со победа би го анулираме поразот од Чешка и би се пласирале во вториот круг, што беше наша цел пред доаѓањето овде. Одбраната скоро секогаш ги добива ваквите натпревари. Божовиќ и Билик сигурно дека ќе шутнат 30-тина пати, но според мене клучно ќе биде да не се разиграт крилата и пивотменот како против Украина“, истакна Митревски.
Ние посакуваме токму нашата одбрена предводена од голманите Митревски и Ристовски да имаа ден и да надминат 15 одбрани што сигурно би било доволна за да се сопре Австрија, но никако не смее да се повтори мечот со Чешка каде двајцата голмани имаа само 4 одбрани.