Митревски: одигравме лошо во одбраната

0

Голманот на нашата ракометна репрезентација, Никола Митревски, по вчерашниот пораз од Чешка во второто коло во групата „Б“ на Европското првенство во Австрија, вели дека ништо не е загубено бидејќи не чека мечот со .

„Нашата лоша игра во одбрана и нивниот голман го одлучија денешниот натпревар. Имаме доволно време да се подготвиме за последниот меч против Австрија. Мислам дека тие не се многу силна репрезентација и дека можеме да се носиме со нив“ – потенцираше Митревски пред мечот со ко-домаќинот на Евро-шампионатот.

Средбата Македонија-Австрија ќе биде  одиграна утре во Виена со почетокот во 18.15 часот.  Во втората средба во групата ќе се сретнат Чешка и Украина.

 

Share.

Leave A Reply