Митровски: Одиме по жетва на медали на СП

0

Селекторот на македонската кик бокс репрезентација Дејан Митровски – Урко, изјави дека е оптимистички расположен пред настапот на нашата селекција на Светското сениорско првенство во Будимпешта, Унгарија, од 3 до 12 ноември.

„Нашите репрезентативци се одличнио подготвени бидејќи се работеше индивидуално со секого. Бидејќи не сакавме да ризикуваме со повреди го одложивме Државното првенство. И без него беше познат списокот на патниците за СП. Ќе бидам нескромен и ќе кажам дека очекувам 4-5 медали од Светскиот шампионат“вели селекторот Митровски.

Боите на Македонија ќе ги бранат:Хадис Рамадани –лоу кик -67 кг, Петре Велков – К1 -67 кг, Бобан Илиевски – лоу кик -75 кг, Мики Ивановски – К1 -86 кгЈетмир Емрули – К1 -75 кг, Енвер Реџеповски – К1 -81 кг, Ненад Манојловски – Кик лајт -69 кг, Димитар Ѓоргиев – кик лајт -74 кг и Милан Кубин –кик лајт -89 кг. Тренери на репрезентацијата кои ќа патуваат на СП се Дејан Митровски и Драган Атанасовски додека во делот за сидии ќе ги имаме: Андреј Ѓоргиев и Арбен Јонузи.На Светското првенството ќе учествуваат 1214 натпреварувачи од 54 држави. Нашата експедиција ќе замине на 3 ноември а шампионатот ќе трае до 11-ти во устуот месец.

 

Share.

Leave A Reply