МКФ ги прогласи најуспешните во 2018 година

0

Македонската кошаркарска федерација на свечена церемонија синоќа ги прогласи најдобрите во мак-баскетот за 2018 година, а наградата за најдобар ја добија двајца кошаркари и тоа за првпат во историјата.

За најдобри кошаркари во мак-баскетот прогласени се Бојан Трајковски и Војдан Стојановски. Поради клупски обврски, двајцата ја пропуштија свечената церемонија, а наградите во нивно име ги примија членови на нивните семејства.

За најдобра македонска кошаркарка прогласена е Анжелика Митрашиновиќ, македонска репрезентативка и член на ЖКК Будуќност. И таа не беше присутна на церемонијата на МКФ, исто така поради клупски обврски.

Признанието за најдобар млад кошаркар за првпат во кариерата го понесува Виктор Ефремовски од Работнички, додека најдобра млада кошаркарка од нашата земја е Илина Селцова.

За најдобри екипи во машка и женска конкуренција прогласени се шампионите – КК Работнички и ЖКК Бадел. Во младинска категорија, најдобри се КК Работнички (мажи) и ЖКК Струга 2009 (жени).

Најуспешна млада репрезентативна екипа е селекцијата до 16 години, која на Европското првенство (Б-дивизија) во Сараево,БиХ, оствари значаен успех и за првпат по долго време донесе една македонска селекција да игра во А-дивизија на наредниот шампионат.

Најдобар тренер за 2018 година е Марин Докузовски кој го направи КК Работнички по 15. пат во историјата шампион на Македонија, додека кај жените, Срѓан Дамњановски од ЖКК Бадел е најдобриот за изминатата година.

Најдобар младински тренер во машка конкуренција  е Александар Јованчев, човекот кој ја водеше М16 селекцијата до А-дивизија, а кај девојките, добитник на статуетката е Анета Глигорова.

Признанието за најдобар судија му припадна на Игор Митровски. Благодарници добија и фирмите и институциите кои се помагатели на мак-баскетот.

На присутните им се обрати и првиот човек на МКФ, Петар Наумовски кој најнапред им честиташе на добитниците на наградите:

„Би сакал да им честитам на сите што се закитија со наградите од МКФ. Истовремено да посочам и на оние што не се најдоа да веруваат во себе, за наредната година да се најдат тука. Тоа го покажа нашиот млад тим М16, кој беше аутсајдер. Никој не веруваше во нив, но како што видовте, тие се вратија како јунаци и влегоа во А-дивизија, која донесе гордост за нас. Верувам дека во иднина многу ќе станат и сениори. Исто така, позитивни резултати имаше и А-селекцијата, по оној мал пад пред две години. Пак се враќаме на старите стази. Имаме поддршка од јавноста. Се надевам дека кошаркарите водени од Давитков ќе дојдат до ЕП и ќе бидат онаму каде сакаме сите да ги видиме. Се надевам дека во наредната година сите ќе имаме поуспешна работа и уште поуспешни резултати“  – потенцираше Претседателот на МКФ, Петар Наумоски по доделувањето на сите признанија.

Добитници на награди од МКФ:
Најдобар македонски кошаркар за 2018 година
Војдан Стојановски и Бојан Трајковски
Најдобра македонска кошаркарка за 2018 година
Анџелика Митрашиновиќ
Најдобра машка екипа за 2018 година (сениорски лиги)
Работнички
Најдобра женска екипа за 2018 година (сениорски лиги)
Бадел 1862
Најдобра машка екипа за 2018 година (младински лиги)
Работнички
Најдобра женска екипа за 2018 година (младински лиги)
Струга 2009
Најуспешна млада репрезентативна екипа
М16 мажи
Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (младински лиги)
Анета Глигорова
Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (младински лиги)
Александар Јованчев
Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (сениорски лиги)
Срѓан Дамњановски
Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (сениорски лиги)
Марин Докузовски
Најдобар млад кошаркар за 2018 година
Виктор Ефремовски
Најдобра млада кошаркарка за 2018 година
Илина Селцова
Најдобар судија за 2018 година
Игор Митровски

Share.

Leave A Reply